![](https://vlada.mk/sites/default/files/img/2020/04/26/21173_vlada.mk.jpg)
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 126 оздравени пациенти во: Скопје 22, Штип 1, Струга 19, Охрид 1, Велес 6, Гевгелија 3, Кавадарци 1, Крива Паланка 1 и Куманово 72.
Во ГОБ „8 септември“ починаа 2 лица, пациентка од Липково (Куманово) на 49 години, примена на 03 април со потешкотии во дишење и веднаш поставена на респиратор и 73 годишен пациент од Скопје, примен на 19 април во многу тешка општа состојба.
Во изминатите 24 часа направени се 335 тестирања, а потврдени се 19 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 3, Куманово 8, Прилеп 2, Струга 2, Велес 2, Гостивар 1, Виница 1.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во нашата земја изнесува 1.386, а последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје 471
- Куманово 371
- Дебар 51
- Штип 34
- Прилеп 141
- Тетово 73
- Струга 64
- Велес 66
- Битола 19
- Охрид 15
- Кавадарци 5
- Гостивар 15
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 5
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 28
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 4
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 1
- Валандово 1
- Виница 2
Направените 335 теста се преку: ИЈЗ - 290, Ветеринарен факуктет - 0, Авицена - 0, Биотек - 25, Филип Втори (Жан Митрев) - 0, Систина со PCR метода - 15 и МАНУ - 5. Досега во земјата се направени вкупно 15.120 тестирања на КОВИД-19.
На инфективната клиника во Скопје примени се 3 нови пациенти, а во моментов се хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 5 се на механичка вентилација и 25 со потешка слика и кисородно зависни. Останатите пациенти се стабилни.
Во ГОБ „8 септември“, примени се 6 нови пациенти, а вкуоно се хоспитализирани 29. Со потешка клиничка слика 5 пациенти, а вкупно на респираторна машина се 7.
Во Болницата во Битола се лекуваат 7 пациенти од кои 1 пациент е во тешка општа состојба и на кислородна поддршка, а на домашно лекување се следат 12 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 9 пациенти и нивната состојба е стабилна