Денеска потврдени 7 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 47 пациенти, почина 1 лице

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје 9, Куманово 9, Прилеп 8, Тетово 13, Охрид 1, Гостивар 5, Кочани 1 и Крива Паланка 1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 1, Прилеп 1, Тетово 4 и Кратово 1.

Согласно ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1518, бројката на оздравени пациенти е 992, на починати е 85, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 441. Последната дистрибуција по градови е следна:

  • Скопје 512
  • Куманово 401
  • Дебар 51
  • Штип 34
  • Прилеп 159
  • Тетово 90
  • Струга 67
  • Велес 77
  • Битола 19
  • Охрид 15
  • Кавадарци 5  
  • Гостивар 17
  • Гевгелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 5
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 31
  • Пробиштип 2
  • Кичево 2
  • Неготино 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)        
  • Демир Хисар 1
  • Македонски Брод 2
  • Пехчево 2
  • Делчево 1
  • Валандово 1
  • Виница 2
  • Кратово 1

Направените 113  теста се преку: ИЈЗ - 108, Ветеринарен факултет - 0, Авицена - 0, Биотек - 0, Филип Втори (Жан Митрев) - 0, Систина со PCR метода - 0 и МАНУ - 5. Досега во земјата се направени вкупно 17359 тестирања на КОВИД-19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 24. На респираторна машина се 5 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 46 позитивни и суспектни на КОВИД-19.