Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје 8, Куманово 6, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 1, Велес 1, Кочани 1 и Македонски Брод 1.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.
Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 3, Битола 1, Велес 4.
Согласно ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.
Последната дистрибуција по градови е следна:
- Скопје 515
- Куманово 401
- Дебар 51
- Штип 34
- Прилеп 159
- Тетово 90
- Струга 67
- Велес 81
- Битола 19
- Охрид 15
- Кавадарци 5
- Гостивар 17
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Крива Паланка 5
- Радовиш 4
- Крушево 3
- Кочани 31
- Пробиштип 2
- Кичево 2
- Неготино 9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Пехчево 2
- Делчево 1
- Валандово 1
- Виница 2
- Кратово 1
Направените 185 теста се преку: ИЈЗ 79, Ветеринарен факултет 3 , Авицена 9, Биотек 33, Филип Втори (Жан Митрев) 27, Систина со PCR метода 17 и МАНУ 17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на КОВИД-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 11 нови пациенти, осум од нив се префрлени од ГОБ „8 септември“, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, а на механичка вентилација 1.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 14. На респираторна машина се 3 пациенти, а уште 4 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, а уште 3 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово се хоспитализирани 52 позитивни и суспектни на КОВИД-19.