Денеска се потврдени 22 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 16 пациенти – вкупната бројка на дијагностицирани 1762, почина 1 лицe

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти во: Скопје 8, Прилеп 2, Струга 2, Велес 2, Гостивар 1 и Кратово 1. 

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (79г), хоспитализирана како сомнителна на КОВИД-19 на 13 мај, а потврдена позитивна на 15 мај.  

Во изминатите 24 часа направени се 462 тестирања, а регистрирани се 22 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 9, Куманово 1, Прилеп 4, Тетово 6, Велес 1 и Охрид 1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.762, бројката на оздравени пациенти е 1.267, на починати е 98, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Последната дистрибуција по градови е:

  • Скопје 601, активни 134
  • Куманово 414, активни 44
  • Дебар 51, активни 0
  • Штип 35, активни 1
  • Прилеп 197, активни 65
  • Тетово 137, активни 74
  • Струга 69, активни 4
  • Велес 114, активни 48
  • Битола 26, активни 7
  • Охрид 18, активни 3
  • Кавадарци 5, активни 0  
  • Гостивар 19, активни 2
  • Гевгелија 4, активни 0
  • Струмица 2, активни 0
  • Крива Паланка 6, активни 2
  • Радовиш 4, активни 0
  • Крушево 3, активни 0
  • Кочани 31, активни 4
  • Пробиштип 2, активни 0
  • Кичево 2, активни 0
  • Неготино 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)       
  • Демир Хисар 1, активни 0
  • Македонски Брод 2, активни 0
  • Пехчево 3, активни 1
  • Делчево 1, активни 0
  • Валандово 1, активни 1
  • Виница 2, активни 0
  • Кратово 2, активни 1
  • Берово 1, активни 1

Направените 462 теста се преку: ИЈЗ 203, Ветеринарен факултет 16, Авицена 10, Биотек 35, Филип Втори (Жан Митрев) 94, Систина со PCR метода  4 и МАНУ 100. Досега во земјата се направени вкупно 21.010 тестирања на КОВИД-19. 

Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 171 тест е направен во рамките на скринингот од градинките. Преку ИЈЗ тестирани се 80 лица од Битола, а преку МАНУ тестирано е 91 лице од Скопје и сите се негативни. 

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 6 пациенти, од кои 4 се префрлени од ГОБ „8 септември“, а една пациентка е префрлена од Клиниката за гинекологија. Во моментов вкупно се хоспитализирани 46. На кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се 2 пациенти. 

Во ГОБ „8 септември“ примени се 8 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 23. На респираторна машина се 6 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика. 

Во болницата во Битола се хоспитализирани 4, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 4, нема пациенти кои се следат на домашно лекување.

На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Охрид и Прилеп се хоспитализирани 48 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.