Министерството за труд и социјална политика информира дека хронично болните лица, родителите на дете до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои одат на работа со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, се ослободени од работа или доколку има можност да работат од дома.
Владата на Република Северна Македонија, по барање на Министерството за труд и социјална политика, ја продолжи мерката за ослободување од работа на наведените категории граѓани сè додека Комисијата за заразни болести подготви соодветни протоколи за работа, дејствување и однесување на работно место за овие категории граѓани.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека работодавачите имаат обврска да ја почитуваат мерката за ослободување од работа на наведените категории граѓани.