МВР: Во изминатото деноноќие евидентирани 673 прекршоци за неносење лична заштитна опрема, издадени се 91 решенија за изолација и 78 за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (30/31.05) на територијата на Република Северна Македонија на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 78 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кое не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. 

Исто така, по однос на мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 673 прекршоци.