МВР: Во изминатото деноноќие евидентирани 318 прекршоци за неносење лична заштитна опрема, 204 лица не ја почитувале забраната за движење, издадени се 511 решенија за изолација и 70 за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.06) на територијата на Република Северна Македонија на 511 лице им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. 

По однос на мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци.  

Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.