МВР: Во изминатото деноноќие (02/03.06) евидентирани 475 прекршоци за неносење лична заштитна опрема, издадени се 392 решенија за изолација и 150 за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (02/03.06) на територијата на Република Северна Македонија на 392 лице им се издадени решенија за изолација, а 150 лица потпишале изјави за самоизолација. 

Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. 

Исто така, по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 475 прекршоци.