МВР: Во изминатото деноноќие (10/11.06) евидентирани 1.068 прекршоци за неносење лична заштитна опрема, издадени се 125 решенија за изолација и 167 за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (10/11.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 125 лица им се издадени решенија за изолација, а 167 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација

Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 1.068 прекршоци