Денеска се регистрирани 11 нови случаи на ковид 19 – вкупната бројка на дијагностицирани е 14341 Оздравени се 95 пациенти– починати се 3 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-3, Куманово-1, Тетово-1, Гостивар-1, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1. 

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје-44, Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-11, Кичево-1, Неготино-1. 

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341,  бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 5903, активни 812
  • Куманово 1472, активни 379
  • Дебар 252, активни 84
  • Штип 1134, активни 132
  • Прилеп 463, активни 111
  • Тетово 1211, активни 164
  • Струга 562, активни 60
  • Велес 270, активни 29
  • Битола 203, активни 39
  • Охрид 337, активни 34
  • Кавадарци 182, активни 76
  • Гостивар 791, активни 236
  • Гевгелија 52, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)
  • Струмица 65, активни 19
  • Крива Паланка 47, активни 18
  • Радовиш 42, активни 6
  • Крушево 16, активни 0
  • Кочани 145, активни 27
  • Пробиштип 80, активни 13
  • Демир Хисар 60, активни 16
  • Македонски Брод 71, активни 16
  • Пехчево 18, активни 12
  • Берово 58, активни 49
  • Валандово 9, активни 2
  • Виница 71, активни 33
  • Делчево 60, активни 51 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 
  • Кратово 19, активни 4
  • Свети Николе 288, активни 53
  • Кичево 269, активни 65
  • Ресен 146, активни 0
  • Неготино 45, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 450 теста се преку: ИЈЗ-53 , ЦЈЗ Скопје-0, Авицена-0,  Биотек-52, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-179, Систина со PCR метода -143, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-7,  ГАК-16, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 148.269 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5  позитивни деца, 3 мајки и 3 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е 1 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 , позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

  • Чаир – 104
  • Гази Баба – 99
  • Аеродром - 99
  • Карпош – 85
  • Центар – 76
  • Кисела Вода – 101
  • Ѓорче Петров – 50
  • Бутел - 58
  • Шуто Оризари – 32
  • Студеничани – 26
  • Сарај – 25
  • Арачиново – 15
  • Илинден – 14
  • Сопиште – 5
  • Чучер Сандево – 4
  • Петровец – 8
  • Зелениково - 3
  • Странец – 8