Прес-конференција на Економско-социјалниот совет по повод одбележување на први мај - Меѓународниот ден на трудот
29.04.2021 (четврток), со почеток во 11:45 часот, претседателот на Владата Зоран Заев, заменик-претседателот на Владата за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе одржат заедничка прес-конференција со претседателот на Сојузот на синдикатите Дарко Димовски и претседателот на Организација на работодавачи Ангел Димитров.
Прес-конференцијата се организира по повод одржување на свечена седница на Економско–социјалниот совет со цел одбележување на први мај - Меѓународниот ден на трудот.