Премиерот Заев со воведно обраќање ќе го отвори првиот Национален Старт-ап Самит „Заеднички влијаеме”

Денеска, 28.5.2021 година (петок) со почеток во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев со воведно обраќање ќе го отвори првиот Национален Старт-ап Самит кој се одржува во Скопје под мотото „Заеднички влијаеме“ во организација на Старт-ап Македонија и Бизнис Импакт Лаб, поддржано од Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарската претприемачка програма (Swiss EP).

На Самитот воведни обраќања ќе имаат и заменик на претседателот на Владата за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Коста Петров, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Тејада, како и претставници на старт-ап организациите.

Самитот се организира со цел градење посилна старт-ап заедница, зајакнување на претприемачкиот дух во македонското општество и создавање на глобално успешни старт-апи.

Календар Влада: 
E premte, Maj 28, 2021 - 12:00 to 13:30