Премиерот Заев и министерката Шахпаска ќе се обратат на Свеченото собрание на Организацијата на работодавачи
Денеска, 9.6.2021 година (среда) со почеток во 12:00 часот, премиерот Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе имаат воведни обраќања на Свеченото собрание на Организацијата на работодавачи.
Дополнително премиерот Заев ќе учествува и на дебата на тема „Македонската економија пред и по пандемијата“ заедно со Ангел Димитров, претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија, Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Северна Македонија за економски прашања, Марјан Петрески, професор, Американ колеџ Скопје, како и со Јулија Друмеа, Канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа, Меѓународна организација на трудот.