Владата ќе ја одржи редовната 87-ма седница

Владата на Република Северна Македонија, денеска, со почеток во 12:00 часот ќе ја одржи редовната 87-ма седница со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
 
На седницата, на предлог на Министерството за внатрешни работи ќе се разгледуваат повеќе точки, меѓу кои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за полиција и Предлог-законот за изменување и дополнување на законот за внатрешни работи.
 
На предлог на истото министерство, според дневниот ред, пред министрите ќе се најде и  Предлогот на стратегија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот за периодот 2021 – 2023 година, со Акциски план.

За донесените одлуки и заклучоци од денешната Владина седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Календар Влада: 
E martë, Korrik 13, 2021 - 12:00 to 13:00