Премиерот Заев и министерката Шахпаска на промоција на дигитална алатка, аудио читач за слепи лица

Ве известуваме дека на 14.7.2021 година (среда) со почеток во 10:00 часот на терасата на Музејот на современа уметност, претседателот на Владата Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе се обратат на промоција на дигиталната апликација –аудио читач, симболично наречен „Кико“, наменет за слепи лица и лица со оштетен вид.

Аудио читачот, креиран за прв патна македонски јазик, на иницијатива на Министерството за труд и социјална политика и Програмата за развој на Обединетите Нации, во партнерство со Националниот сојуз на слепи лица, ќе им овозможи на слепите лица поголема независност во сите сфери од секојдневниот живот.

На настанот ќе присуствуваат и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, постојаната претставничка на УНДП во земјата Нарине Сахакјан и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица, Жарко Селковски.
 

Календар Влада: 
E mërkurë, Korrik 14, 2021 - 10:00 to 11:00