Владата ќе ја одржи редовната 108-ма седница
Владата на Република Северна Македонија, денеска, 28.09.2021 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 108-ма седница со повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На седницата, согласно дневниот ред, на предлог на Министерството за финансии ќе бидат разгледани Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за установите и Предлог-законот за финансиска стабилност.
На дневниот ред на седницата се и Предлог на Националната стратегија за развој на социјалните претпријатија во Република Северна Македонија (2021-2027) и Акцискиот план 2021-2023 за спроведување на оваа стратегија, како и Предлог на Стратегијата за промовирање и развој на волонтерството (2021-2025).
Владата на редовната седница ќе разгледува и извештаи за работењето на повеќе јавни претпријатија и трговски друштва во државна сопственост, согласно обврските за редовно доставување до Владата, согласно политиките за отчетност и транспарентност во работењето.
За донесените одлуки и заклучоци од Владината седница, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.