Премиерот Ковачевски ќе се обрати на почетокот на реализација на 400кV далекувод од ТС „Битола 2” до македонско-албанска граница
Ве известуваме дека на 17.2.2022 година (четврток), со почеток во 12:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан во организација на АД „МЕПСО“, по повод поставување на камен темелник на новиот 400 kV далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2” до македонско-албанската граница.
На настанот ќе присуствува и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, генералниот директор на АД „МЕПСО“, Орхан Муртезани, претставници на делегација на Европската Унија во земјава и на Европската банка за обнова и развој, амбасадори, како и делегации од Албанија и Бугарија.
Оваа капитална инвестиција е од огромна важност во градење на поразвиена и постабилна енергетска инфраструктура во нашата држава и регионот.