Премиерот Ковачевски ќе се обрати на тркалезна маса на тема „Култура на интегритет – Пат до успех во борбата против корупцијата“

Денеска, 17.3.2022 година (четврток) во 12:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе се обрати на тркалезна маса на тема „Култура на интегритет - Пат до успех во борба против корупцијата“.  На настанот покрај премиерот ќе се обратат и Славица Грковска, заменик-претседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење, Јулиан Васало, заменик шеф на Делегацијата на Европската Унија, Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупција како и меѓународни експерти од областа.

Календар Влада: 
E enjte, Mars 17, 2022 - 12:00 to 13:00