Владата ќе ги одржи редовната 34-та и една тематска седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 34-та седница на која ќе разгледува повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, со почеток во 12:30 часот, меѓу другото, ќе бидат разгледани програмите за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година и на Програмата за спроведување на интервентниот фонд во земјоделството, на предлог на ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред за разгледување е и Предлог-закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС).

Пред редовната, со почеток во 12:00 часот, закажана е тематската 33-та седница на Владата, на која ќе се разгледува Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3, инструмент за претпристапна помош.

За донесените одлуки и заклучоци од денешните Владини седници, јавноста ќе биде информирана со одделни соопштенија, по нивното завршување.

 

Календар Влада: 
E martë, Mars 29, 2022 - 12:30 to 13:30