Премиерот Ковачевски ќе се обрати по повод 4 април, Денот на НАТО
Ве известуваме дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, утре, 4 април 2022 година (понеделник), ќе учествуваат на трибината по повод Денот на НАТО, која традиционално секоја година ја организира Евроатлантскиот совет на Северна Македонија.
Настанот ќе се реализира во М6 едукативниот центар во Скопје, со почеток во 10:00 часот.
На настанот свое видео-обраќање ќе имаат и Кармен Ромеро, заменик-помошник генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО, како и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Брнз.
Трибината по повод „Денот на НАТО – 4 април" е традиционална активност на Евроатлантскиот Совет на Северна Македонија која покрај одбележувањето на годишнината од потпишувањето на Вашингтонскиот договор и формирањето на НАТО, служи како информативен настан кој има за цел да ја информира пошироката јавност и медиумите за развојот на настаните на глобално ниво, нашиот придонес како земја, како и бенефитите од членството во НАТО алијансата.
Ве покануваме да го проследите настанот. Ве молиме да пристигнете во М6 едукативниот центар во Скопје, најдоцна до 09:40 часот.
Ве молиме да ги почитувате пропишаните мерки за заштита од КОВИД-19.