Редовна 40-та Владина седница
Владата на Република Северна Македонија, денеска, 19.4.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 40-та седница.
Согласно предложениот дневен ред и своите надлежности, Владата ќе разгледува и одлучува по повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На оваа седница на дневен ред е Информацијата за подготовка на Осумнаесеттиот состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика, кој ќе се одржи на 28 април 2022 година.
На денешната седница, членовите на Владата ќе бидат запознаени и со Информацијата за склучена Програма за соработка на полето на образованието и науката меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за периодот 2022-2025 година.
За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.