Редовна 45-та Владина седница
Владата на Република Северна Македонија, денеска, 17.5.2022 година (вторник) ќе ја одржи редовната 45-та седница, на која согласно своите надлежности ќе разгледува повеќе точки од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.
На предлог на Министерството за надворешни работи на дневниот ред на денешната седница е Информацијата за почеток на Стратешкиот дијалог меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, како и Извештајот за завршени преговори за усогласување на Договорот за техничка соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Јапонија.
На денешната 45-та седница, меѓу другото, е и точката Информација за издавање на Писмо без приговор (no objection letter) за вклучување на Република Северна Македонија во предлог Програма за развој на енергетска ефикасност во згради преку Зелениот климатски фонд.
За заклучоците и одлуките од денешната владина седница, која ќе започне во 12:00 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.