Владина делегација предводена од вицепремиерот Маричиќ, ќе положи свежо цвеќе по повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија
Денеска, 18.08.2022 година (четврток) во 13:30 часот, на градските гробишта Бутел, владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, а во која ќе бидат и министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, по повод одбележувањето на Денот на Армијата на Република Северна Македонија, ќе положи венци свежо цвеќе на: Партизанските гробишта и пред вечните почивалишта на претседателот Борис Трајковски, на генерал Михаило Апостолски и на претседателот Киро Глигоров.