Премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на настан „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“
На 30.9.2022 година (петок) во 13:00 часот, премиерот Димитар Ковачевски, ќе присуствува и ќе се обрати на настан под мотото „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“ во организација на Дирекцијата за заштита и спасување.
На настанот свои обраќања ќе имаат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби како и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути. Акцентот на настанот е примопредавањето на противпожарните возила на градоначалниците на 14 општини.
Календар Влада:
E premte, Shtator 30, 2022 - 13:00 to 14:00