Премиерот Ковачевски денеска во посета на Општина Делчево

Денеска 31.10.2022 година (понеделник) со почеток во 12:00 часот, претседателот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини ќе се обратат на настан по повод почеток на изградба на пречистителна станица во Делчево.

Потоа, во 14:00 часот премиерот Ковачевски ќе ја посети една од најголемите компании во регионот од областа на дрвопреработувачката дејност, фабриката Алпин.ком, а во 14:40 часот ќе го посети и затворениот пазар во Делчево.

Во 15:15 часот премиерот Ковачевски ќе направи увид на проектот за реконструкција на водоводната мрежа во населбата Ново Делчево.

Календар Влада: 
E hënë, Tetor 31, 2022 - 12:00 to 16:00