Премиерот Ковачевски во посета на Општините Валандово и Гевгелија

Агендата започнува во 12:30 часот со отворање на нова детска градинка „Детелинка“, каде што покрај премиерот Ковачевски ќе се обрати и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. После официјалните обраќања и разгледувањето на градинката, предвидени се новинарски прашања.

Потоа, во 13:40 часот премиерот Ковачевски ќе ја посети млекарата „Вардарец” во Јосифово, Валандово.

Посетата на премиерот Ковачевски продолжува во Гевгелија, каде со почеток во 14:45 часот заедно со заменик генералниот директор на ТАВ Неџат Курт ќе го посети Домот за култура во Прдејци.

 Според агендата, премиерот Ковачевски и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, во 15:30 часот ќе го посетат производствениот погон на фабриката Конти Хидропласт.

Агендата во Гевгелија ќе се заокружи со посета на социјалната зграда во 16:10 часот, каде покрај премиерот Ковачевски ќе присуствуваат и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

 

 

Календар Влада: 
E premte, Nëntor 11, 2022 - 00:00 to 23:45