Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настан по повод новата инвестиција на германската компанија „Киел“ Почитувани,
Премиерот Димитар Ковачевски на 23.11.2022 година (среда) во 10:00 часот, ќе се обрати на настан по повод новата инвестиција на германската компанија „Киел“, која ќе инвестира 9,2 милиони евра во изградба на нов производствен капацитет во ТИРЗ Тетово.
На настанот обраќања и презентација за инвестицијата ќе имаат претставниците на раководството на „Киел“, како и министерот за економија Крешник Бектеши, директорот на ТИРЗ Јован Депотовски, по што ќе следи официјално потпишување на договорите за новата инвестиција на компанијата.
Календар Влада:
E mërkurë, Nëntor 23, 2022 - 10:00 to 11:00