Премиерот Ковачевски во официјална посета на Република Словенија

 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денес, 3 април 2023 година (понеделник) ќе биде во официјална посета на Република Словенија, заедно со  министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
 
Во рамки на официјалната посета планирана е официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести, по што премиерот Ковачевски ќе има тет-а-тет средба со неговиот словенечки колега, Роберт Голоб. Како дел од официјалната посета предвидена е и билатерална средба на македонската и словенечката делегација.
 
Во рамки на посетата предвидено е потпишување на заедничка декларација за зајакнување на соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија, по што ќе се одржи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.

Пренос во живо од прес-конференцијата на македонски јазик

Пренос во живо од прес-конференцијата на албански јазик

Премиерот Ковачевски ќе ја заокружи официјалната посета на Словенија со средби со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, како и со вицепремиерката и министерка за надворешни и европски прашања на Република Словенија, Тања Фајон и со министерката за дигитализација, Емилија Стојменова Дух. 

Календар Влада: 
E hënë, Prill 3, 2023 - 00:00 to 23:45