Премиерот Ковачевски ќе одржи предавање на Дипломатска Академија Виена
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска петок, 21-ви април 2023 година, ќе одржи предавање на Дипломатската академија Виена во Виена Австрија.
Тема на конференцијата каде ќе говори премиерот Ковачевски е: „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“.
Предавањето ќе започне во 12 часот.
Дипломатската академија Виена каде ќе се обрати премиерот Ковачевски е основана 1754 година и претставува најстарата академија која нуди едукација и за студенти и за професионалци во областите на меѓународни односи, политички науки, право, историја и економија, каде идните лидери, покрај теоријата која ја изучуваат своето знаење го надополнуваат и преку првокласни истражувања и светски познати програми за обука.