Премиерот Ковачевски ќе се обрати на Денот за високи гости на вежбата „Immediate response 23“

Во рамки на Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“ (Immediate response 23) на 29 мај (понеделник), со почеток во 11:00 часот на армискиот полигон „Криволак“ свое обраќање ќе имаат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

На Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“ (Immediate response 23), припадниците на армиите кои учествуваат во вежбата ќе презентираат комбинирани копнени активности: „Мултинационална чета во напад, подржана со артилериска, воздушна и противоклопна поддршка“.

Во предвидените вежбовни активности предвидена е употребата на роботизираното софистицирано возило т.н. „Project Origin”, кое е во пробна употреба на Армијата на САД и кое за прв пат ќе тестира во вежбовни услови испалување на противоклопна ракета од типот „Javelin“ која е дел од неговото вооружување.

Календар Влада: 
E hënë, Maj 29, 2023 - 11:00 to 12:00