Обраќање на премиерот Ковачевски по повод државниот празник 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, на Тврдината Кале во Скопје

По повод големиот државен празник 2-ри Август, Денот на Републиката - Илинден претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ќе се обрати на свечена манифестација која ќе се одржи на Тврдината Кале во Скопје.

Свечената манифестација во Скопје на Тврдината Кале, започнува во 9:30 часот, каде по положувањето на свежо цвеќе пред споменикот на Слободата „Сила, слава и победа", ќе се обрати претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Во рамки на настанот предвидена е празнична културно-уметничка програма.

Премиерот Ковачевски, ќе ја предводи владината делегација во чиј состав се првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи како и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Линкови за следење во живо на настанот, како и обраќањето на премиерот Ковачевски во 9:30 часот:

Линк до видео на македонски јазик
Линк до видео на албански јазик

Граѓаните на Република Северна Македонија под мотото „120 години Илинден - Огниште на татковината“ го празнуваат големиот национален празник 2ри Август - Илинден.

Нека е вечен и честит празникот Илинден- Денот на Републиката!

Календар Влада: 
E mërkurë, Gusht 2, 2023 - 09:30 to 10:30