Премиерот Ковачевски ќе се обрати на првата отворена трибина од кампањата „Ние сме Европа“

Денеска, 30 август 2023 година (среда), со почеток во 19:00 часот, на плоштадот Јадран (кај Арапска куќа) во Скопје, ќе се одржи првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија", на која обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Покрај претседателот на Владата, Ковачевски на отворената трибина ќе говорат и Бојан Маричиќ, вицепремиер за европски прашања, Крешник Бектеши, министер за економија, Хозе Луиз Лозано Гарсија, амбасадор на Кралството Шпанија во земјава, Благица Петрески-Finance Think, како и Ирена Јакимовска, од компанијата Комфи Ангел.

Во рамки на напорите на Владата на Република Северна Македонија за исполнување на стратешката цел - полноправно членство во Европската Унија, Секретаријатот за европски прашања организира серија настани во повеќе општини низ државата, со цел да спроведе информативен караван на настани под мотото „Саем на европски вредности“. Во рамки на караванот ќе се презентираат можностите и придобивките од преговорите кои ги нуди членството во ЕУ.

Со овој настан официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“ која ќе се реализира во 8 градови низ државата и тоа: Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип, кои ќе имаат конкретна тематска област, односно економија, култура, енергетика, туризам, земјоделие, млади, инфраструктура и социјална политика.

Согласно програмата, не се предвидени изјави за медиуми.

Вечерашната трибина може да ја проследите на следните линкови:

Линк до отворената трибина на македонски јазик

Линк до отворената трибина на албански јазик

Линк до отворената трибина на англиски јазик

Календар Влада: 
E mërkurë, Gusht 30, 2023 - 19:00 to 20:00