Премиерот Ковачевски и министерот Николовски ќе го означат почетокот на новата ИПАРД 3 програма
Ве известуваме дека на 03.09.2023 година (недела) со почеток од 11:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во дворот на Клубот на пратеници во Скопје ќе го означат почетокот на новата ИПАРД 3 програма.
На настанот ќе се обратат премиерот Ковачевски и министерот Николовски и детално ќе бидат презентирани новостите во новата ИПАРД 3 програма и првите јавни повици за мерките 1 и 7 од ИПАРД 3 програмата.
Календар Влада:
E diel, Shtator 3, 2023 - 11:00 to 12:00