Прес-конференција на министерот Азир Алиу
Министерството за информатичко општество и администрација организира Јавна расправа на која ќе се дискутира за Законот за безбедност на мрежни и информациски системи и дигитална трансформација.
Јавната расправа ќе се одржи на 06.10.2023 година (петок) со почеток во 14:00 часот во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија.
По завршувањето на јавната расправа, во 14:45 часот е предвидена прес-конференција на министерот Азир Алиу во Медија Центарот на Владата на Република Северна Македонија.
Календар Влада:
E premte, Tetor 6, 2023 - 14:45 to 15:45