Премиерот Ковачевски ќе се обрати на настанот „Вкуси ја традицијата - Втор национален саем за храна и пијалаци“
На 07.10.2023 година (сабота) во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе присуствува и ќе се обрати на настанот „Вкуси ја традицијата - Втор национален саем за храна и пијалаци“.
На настанот свое обраќање ќе има и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
Локација: На просторот пред езерцето, во Градски парк Скопје
Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и „СлоуФуд“- Македонија. Ова е втор саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 400 изложувачи, кои ќе ги презентираат своите 2.000 производи приготвени по традиционални рецепти.