Премиерот Ковачевски учествува на вториот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград, Србија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска учествува на вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Во рамки на делегацијата која ја предводи премиерот Ковачевски, учествуваат и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

На официјалното отворање на Саемот, предвидено е обраќање на премиерот Ковачевски. Обраќањето кое е предвидено во 17:00 часот, можете да го проследите во живо на следните линкови:
 

Обраќање на премиерот Ковачевски на македонски јазик
 

Обраќање на премиерот Ковачевски на албански јазик

На годинешниот саем се очекува присуство од над 600 изложувачи од бројни винарии, дестилерии, гастрономски компании од повеќе од 28 земји, што претставува одлична можност за воспоставување деловни релации, размена на идеи и ставови за винската индустрија пред сѐ.

На вториот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ излагаат над 70 винарии и дестилерии од Северна Македонија.
 

Календар Влада: 
E enjte, Nëntor 16, 2023 - 00:00 to 23:45