Премиерот Ковачевски ќе присуствува на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за здравство, Фатмир Меџити и министерот за образование и наука, Јетон Шаќири на 11.12.2023 година (понеделник), во 10:30 часот ќе присуствуваат на презентација на нова апаратура за генетско испитување при МАНУ.  

На настанот ќе се промовираат резултатите добиени од проектот „Унапредување на капацитетот на Националниот центар за геномика протеомика при ИЦГИБ - МАНУ во областа на персонализираната медицина“.

Календар Влада: 
E hënë, Dhjetor 11, 2023 - 10:30 to 11:30