Премиерот Ковачевски ќе се обрати и ќе учествува на панел дискусија на тема: „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните“
На 12.01.2024 година (петок) во 11:00 часот, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, со воведно обраќање ќе го отвори настанот на тема: „Економските придобивки од интеграцијата во ЕУ за компаниите и граѓаните во Северна Македонија, во рамки на кампањата на Владата на Република Северна Македонија „Европска иднина, поблиску од кога било“.
Потоа, на панел дискусија, заедно со Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Фатмир Бесими, министер за финансии, како и Горан Антевски, генерален директор на Раде Кончар - ТЕП, ќе говорат за Планот за раст за Западен Балкан, како и за економските придобивки за земјата со членството во ЕУ.
Локација: Хотел Холидеј Ин, Скопје