Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставувањето камен темелник на нова детска градинка во Општина Бутел
Ве известуваме дека Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, денес 01.07.2024 година со почеток во 10:45 часот во Општината Бутел ќе присуствува на поставувањето на камен темелник на нова детска градинка.
Бутел 2 по 60 години ќе добие нова детска градинка чиј капацитет ќе дозволи згрижување на над 200 дечиња. Инвестицијата е над 100 милиони денари.
Календар Влада:
E hënë, Korrik 1, 2024 - 10:45 to 11:45