Претседателот на Владата, Мицкоски ќе присуствува на ставање на камен темелник за изградба на нова детска градинка

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 20.07.2024 година (сабота) во 13:15 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник за изградба на комплетно нова детска градинка во населено место Трубарево, во Општина Гази Баба.

Детската градинка има капацитет на згрижување на 60 деца, и е на површина од 720 метри квадратни во кои ќе се изградат 3 занимални за деца, административни простории и останати помошни простории.

Вкупна инвестиција на истата во првата фаза ќе изнесува 19.000.000 денари.

Локација

https://goo.gl/maps/YZei52DP8B51oKe7A

Го покануваме вашиот медиум да го проследи настанот.

Со почит,

Календар Влада: 
E shtunë, Korrik 20, 2024 - 13:15 to 14:00