Претседателот на Владата, Мицкоски на средба со претставниците на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, а потоа во посета на штипската касарна

Почитувани,

Ве известуваме дека денеска 29.07.2024 година (понеделник) во 10:00 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе оствари средба со претседателот на Стопанска комора на Северо-Западна Македонија во просториите на Стопонска комора на Северо-Западна Македонија (Димитрија Чуповски 13, Скопје).

По завршување на средбата ќе биде дадена изјава за медиуми.

Потоа, во 13:00 часот Претседателот на Влада на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за одбрана, Владо Мисајловски ќе присуствуваат на изведување на вежба во штипската касарна, а ќе се презентираат и JLTV возилата.

По завршување на настанот ќе биде дадена изјава за медиуми.
Со почит,
Календар Влада: 
E hënë, Korrik 29, 2024 - 10:00 to 14:00