[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нов модерен пазар во Општина Неготино
Почитувани, Ве известуваме дека денеска 21.08.2024 година (среда) во 12:00 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на нов градски пазар во Општина Неготино (локација: Плоштад на Општина Неготино), каде што ќе даде изјава за медиуми.
Изградбата на нов градски пазар е на местото каде што е и локацијата на постоечкиот и подразбира нов, затворен, модерен и најсовремен градски пазар каде ќе бидат поставени нови и современи метални тезги, ќе биде обезбеден полесен и безбеден пристап до пазарот, со еден збор општина Неготино ја остварува долгогодишната желба на своите граѓани кои конечно ќе добијат градски пазар по највисоки стандарди.
Вредноста на проектот е 25.913.899 денари обезбедени од буџетот на Општина Неготино, а предвидениот рок на завршување на изведбата е март 2025 година.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со почит,