Претседателот на Владата Мицкоски, ќе присуствува на пуштање во употреба на доградбата на на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 03.09.2024 година (вторник) во 11:00 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на доградба на ЈОУДГ „Гоце Делчев“ во Општина Илинден.

Изградбата на новиот дел на детската градинка „Гоце Делчев“ траеше 10 месеци. Проектот чини 15.000.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината, додека пак средства за опремата се обезбедија од Министерството за социјална политика, демографија и млади.  

Капацитетот на доградбата е за 60 деца и опфаќа 280 квадрати, со две отворени и две затворени занимални, три тоалети, тријажа, чајна кујна и посебен влез со хол.

Во моментот ќе се згрижат децата од најмалата (јаслена) група, но има и можност во иднина да се згрижат деца и до 6 годишна возраст. 

Со отворање на овој оддел во Општина Илинден се реши проблемот и повеќе нема листи на чекање за згрижување на деца во детските градинки.

Предвидено е изјава за медиуми да даде Претседателот на Владата, Мицкоски.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.

Со почит,

Календар Влада: 
E martë, Shtator 3, 2024 - 11:00 to 12:00