[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе присуствува на одбележување на почетокот на градбата на новата инвестиција на германската компанија BMZ Group
Почитувани, Ве известуваме дека утре 04.09.2024 година (среда) во 09:30 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува во ТИРЗ Скопје на одбележување на почетокот на градбата на новата инвестиција на германската компанија BMZ Group кој се занимава со изградба на литум јонски батерии и ќе инвестира околу 65 милиони евра.
По настанот, Претседателот на Владата Мицкоски ќе даде изјава за медиуми.
Исто така, ги известуваме медиумите дека во 11:00 часот ќе се одржи состанок на Совет за странски инвестиции, во Владата (Кристална сала).
Ги покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата во ТИРЗ Скопје на Претседателот на Владата Мицкоски.