[Најава] Претседателот на Владата, Мицкоски на деловен појадок со Македонско-Германското стопанско здружение
Почитувани, Ве известуваме дека утре 16.09.2024 година (понеделник) со почеток во 10:00 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на деловен појадок на Македонско-Германското стопанско здружение во хотел Александар Палас (Конгресна сала 3).
Свое обраќање на настанот ќе има Претседателот на Владата Мицкоски на тема Економски и финансиски политики на Владата.
Предвидено е пред почетокот на настанот во 10:00 часот изјава за медиуми да даде Претседателот на Владата Мицкоски.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со почит,