[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски, ќе присуствува на почеток на поплочување на ул. Ванчо Прќе во Општина Штип
Почитувани, Ве известуваме дека денеска 20.09.2024 година (петок), со почеток во 13:15 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, ќе присуствува на започнување со градежни активности на поплочување на ул. Ванчо Прќе и пренамена од сообраќајница во шеталиште во Општина Штип.
Средствата за овој проект се обезбедени од општинскиот буџет во вредност од 11 милиони денари.
Предвидено е изјава за медиуми да даде Претседателот на Владата, Мицкоски.
Го покануваме вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со Почит,