Претседателот на Владата Мицкоски ќе пушти во употреба две реконструирани улици и ќе изврши увид во градежни активности на ООУ „Коста Рацин“, Општина Брвеница
Почитувани, Ве известуваме дека денеска 17.10.2024 година (четврток) во 12:30 часот Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе ја посети Општина Брвеница, при што ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата 1 со краци 1,2,3 и 4 во село Радиовце каде што ќе даде изјава за медиуми.
Проектот е финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт, во висина од 11.685.536 денари.
Потоа, Претседателот на Владата Мицкоски ќе изврши увид во реконструкција на ООУ „Коста Рацин“ во с. Брвеница. Проектот е во вредност од 20.298.797 денари, финансиран од Министерството за образование и наука, а опфаќа замена на кров, фасада, внатрешни врати, подови, ѕидови и плафони.
На крај, Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата Дубрава со краци 1,2 и 3 во Село Брвеница, Општина Брвеница. Проектот е во вредност од 7.715.274 денари, финансиран од Светска банка преку Министерството за транспорт.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.

Со почит,
Календар Влада:
E enjte, Tetor 17, 2024 - 12:30 to 14:30