Претседателот на Владата Мицкоски во дводневна посета на Србија по повод меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“

Утре 22.11.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски е во дводневна посета во Република Србија.

Во 14:00 часот премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Во 14:45 часот премиерот Мицкоски ќе оствари тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ во Владата на Република Србија.

Воедно, по повод третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во 15:45 часот ќе пристигне македонска делегација во состав на Љупчо Димовски заменик-претседател на Владата за политички систем, Иван Стоилковиќ заменик-претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Љутков министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев министер за јавна администрација и Максим Димитриевски градоначалник на Општина Куманово.

Во 16:00 часот започнува отворањето на настанот каде што свое обраќање пред присутните ќе има претседателот на Владата, Мицкоски. По завршување на обраќањето следува прошетка низ саемот.

Во 19:00 часот во хотел Хајат во свечената сала ќе се одржи македонска вечер каде што ќе се обрати претседателот на Владата Мицкоски и Амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Србија, Никола Тупанчевски.

На 23.11.2024 година во 11:00 часот пред македонскиот штанд изјава за медиуми ќе има Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Календар Влада: 
E premte, Nëntor 22, 2024 - 00:00 to E shtunë, Nëntor 23, 2024 - 23:45