Министерот Дурмиши оствари состанок со трговците и диструбутерите за одлуката за ограничување на маржата

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и претставници од Комисијата за заштите од конкуренција денеска одржаа состанок со претставници на најголемите трговски ланци и дистрибутери во државата.

На состанокот се разговараше за предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа на 10% во трговија на големо и 10% во трговија на мало на дел од основните прехранбени производи и средства за хигена.

Трговците и диструтерите дадоа свои предлози и забелешки кои Министерството за економија и труд дополнително ќе ги анализира.

На состанокот беше договорено конечната одлука да се донесе во текот на следната недела.