![](https://vlada.mk/sites/default/files/default_images/vrsm_slider_v2_mk.jpg)
Владата на Република Северна Македонија утре ќе ја одржи редовната 164-та седница со повеќе точки не дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.
На оваа своја седница Владата ќе го утврди Предлог-буџет на Република Северна Македонија за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот за 2020 година.
На утрешната седница на предлог на Министер без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, ќе биде ставена на усвојување Предлог-програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2019 година.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика владата ќе одлучува и по Предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во ученичкиот стандард за 2019 година.
Министерство за образование и наука за оваа седница ги стави на дневен ред Предлог-програмата за изменување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2019 година, како и информацијата со Предлог за воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука.
Редовната 164-та седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 9:00 часот.